Успешна година за Центарот за култура и Театар Куманово

Успешна година за НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Според директорот Сашо Тодоровски, и покрај пандемијата реализирани се над 80 проценти од предвидената програма на центарот за култура и Театар Куманово. Театарот и оваа година успеа да реализира неколку премиери и да изведе претстави првин на отворено, а потоа согласно протоколите и во затворен простор. Исто и центарот за култура понуди богата програма, изложби, музички концерти.

-Задоволни сме од постигнатото и се надеваме дека ќе подобро во следната година. Театарот реализираше две од предвидените четири претстави од Годишната програма на министерството за култура и дополнителни две сопствени претстави, „Солдат“ и детска претстава. Центарот за култура реализираше пет изложби, фестивалот „Денови на комедија“, повеќе музички концерти, детски работилници. Имавме успешна година со оглед на тоа во какви услови се работеше, но сето тоа беше за публиката. Да не беше публиката ние немаше да го правиме ова, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“

Во пресрет на празниците и годинава кумановскиот театар со новогодишно изнедување за најмладата публика. Вечерва премиерно на Телевизија Плус  ќе бидат прикажани снимените новогодишните приказни во кои што  актерите од кумановскиот театар читаат бајки за најмалите од градот.

Децата ќе имаат можност да ги проследат и слушаат новогодишните бајки во изведба на Александра Михајловска, Нина Максимова, Сања Русеска, Владо Дојчиноски, Владанка Димковска, Жарко Јовановиќ и Давид Илиќ. На овој начин театарот се доближува до најмладата публика.

– Поради неможноста за физичко присуство во театарот ja реализиравме идејата на актерите во соработка со Телевизија Плус и фото студио „Стил” од Куманово за нашите најмлади посетители. Публиката која секогаш ни е верна и со нетрпение ја очекува секоја наша детска претстава. По тој повод дел од актерите од кумановскиот театар читаа новогодишни бајки и приказни кои ќе ги објавиме на нашите фан страни и локалната телевизија „Плус”, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев”, Сашо Тодоровски.

Актерите  ги прочитаа  приказните: „Девојчето и дванаесетте месеци”, „Момчето и златното јаболко”, „Вејко Северко” и „Двата Цара” од изданието „Бајки од Македонија” на Арс Ламина.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)