Успешна крводарителска акција во СВР Куманово

Во просториите на СВР Куманово денеска се одржа крводарителска акција. Истата е дел од редовните акции коишто ги организира полицијата, три пати во годината.  Поддршка на акцијата даде Институтот за трансфузиона медицина и општинската организација на Црвениот крст.

-Секоја година по три крводарителски акции организираме за вработени во СВР Куманово и организиациони единици од РЦ Север кои што гравитираат на нашето подрачје. Инаку вообичаено некаде околу 70 единици се очекуваат сега веќе до 11 часот имаме нешто повеќе од 30 карактеристично во последните години е тоа што се зголемува бројот на жени крводарители-истакна Виолета Богдановска, Отсек за превенција СВР Куманово.

-Акцијата се одвива во најдобар ред излезеноста е околу 50 дарители досега, очекуваме до 14 часот дека ќе има се уште луѓе кои ќе бидат заинтересирани да ја дадат својата драгоцена течност и секако овие акции во полицијата се секогаш успешни и се надеваме на соработка и во иднина. Количеството на крв, захилите коешто ние ги собираме се на добро ниво се трудиме со овие акции да го надополниме недостатокот кој понекогаш го нема, особено од поретките крвни групи, негативните-посочи  д-р Ефтим Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

Полицајците истакнаа дека секогаш со задоволство учествуваат во вакви хуманитарни акции. Акцијата за дарување крв започна во 9 а траеше до 14 часот. СВР Куманово традиционално организира крводарителски акции во текот на февруари, јуни и октомври.

Коментари

коментар(и)