Успешна крводарителска акција на полицијата

Во просториите на СВР Куманово денеска се одржа редовна крводарителска акција, трета во тековната година која ја организира СВР Куманово во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од скопје и општинската организација на Црвениот крст.

Во акцијата се вклучија 60-тина вработени од кумановската полиција кои уште еднаш ја покажаа својата хуманост.

-Редовен крводарител сум, досега 11 пати сум дарувал крв, мојата порака е помасовно да се дава крв за да се спаси нечиј живот, тоа е хумана работа, изјави крводарител, вработен во СВР Куманово

Дел од крводарителите од полицијата се повеќекратни дарители. Оваа година се вклучија и помладите припадници на полицијата.

– Досега одлично тече крводарителската акција собрани се 61 крвна единица  планот е реализиран, се очекува дека уште ќе дојдат со што планираната бројка ќе биде надмината, изјави д-р Анита Божинова Петковска, Институт за трансфузиона медицина Скопје

СВР Куманово традиционално организира три крводрителски акции годишно,  во февруари, јуни и октомври. Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)