Успешно заврши проектот на ЦИД за социјално претприемништво

Центарот за интеркултурен дијалог Куманово во соработка со организацијата Без граници 21 век од Република Бугарија, го имплементираше проектот „Шифт кон онлајн и офлајн заедница за претприемништво“. Петнаесетмесечниот проект се одржа со поддршка на Европската унија, односно Ипа програмата за прекугранична соработка.  Основната цел на  проектот беше да се развие платформа на којашто младите ќе се информираат за социјалното претприемништво, односно да дознаат што е  претприемништво и како да се дојде до бизнис идеа. Целта група на проектот беа невработени млади од 18 до 30 години.

-Со оглед на тоа што Република Макеоднија се соочува со висока стапка на невработеност особено младинската невработеност во североисточниот регион, понатаму висок степен на имиграции и често отсуство на интерес и претприемачки вештини кај младите идеата на проектот беше да се формира онлајн платформа на која младите преку разни интерактивни алатки ќе имаат можност да ги развијат или унапредат своите претприемачки вештини за таа цел формирана е платформата шифт лрнинг, нет каде што се достапни онлјан курсеви на четири теми, проектен менџамент, претприемништво , бизнис комуникација и деловен англиски јазик по завршувањето на проектот овие онлјан курсеви ќе бидат отворени за јавноста така што сите заинтереисрани може да ги посетат-истакна  Давид Алексовски од Центарот за интеркултурен дијалог.

Во рамки на платформата се достапни различни интеркативни алатки, со цел невработените лица да можат полесно да се поврзат со бизнис секторот и да ги имаат во предвиде сите можности за вработување, информираа од ЦИД на денешната прес-конференција. Во 15 месечниот период беа организирани и два семинари во Куманово и Ќустендил на кои учествуваа 60 млади од пограничниот регион.

-Семинарите беа предводени од искусен експер на темата и  под наслов Достапни механизми за развој на мојот бизнис план, каде беа користени разни методи на неформално образование за продлабочување на знаењата и вештините за формирање на претпријатие. Беше организирана студиска посета во пограничниот регион во Куманово и Струмица и во Петрч и Ќустенил . Овој настан беше исклучително корисен бидејќи учестниците имаа можност директно да се запознаат со успешни претприемачи и постоечки форми на социјално претприемништво. Имаа можност директно да разговараат со успешните претприемачи и да чујат да за нивните искуства, практики и предизвици се соочуваат во водењето бизнис-додаде Алексовски.

Во рамки на проектот е издадена и брошура за социјално претприемништво, која претставува детален водич и план за основање социјално претпријатие. Брошурата е достапна на онлјан платформата на проектот.

-Една од најинтерактивните активности која што се случи во овој 15 месечен циклус од активности беше претприемничкиот караван овој караван се состоеше од формален и неформален дел и се случуваше во три градови во Македонија во пограничниот регион, Куманово, Штип и Крива Паланка додека во Бугарија беше во Бобов дол Ќустендил и Петрич. Формалниот дел го водеше експерт за социјално претприемништво, односно луѓето кои веќе беа вклучени во самиот проект од почетокот. Во него беа повикани чинителите на локлано ниво, почнавајќи од локалната самоуправа, бизнисмени од различни сектори, за социјалното претприемништво и до каде е тоа како тематика, дали е позната на локлано ниво, дали самите луѓе знаат што е социјално претпријатие и како да се дојде до него-дополни Александра Цветковска од Центарот за интеркултурен дијалог.

Лицата коишто не присустуваа, настанот можеа да го следат преку директен пренос. Крајна активност на проектот е завршната конференција која  се одржа минатата недела во Занаетчискиот дом, при што на присутните им беше презентирана успешната приказна на овој проект.

Овој проект е кофинансиран од ЕУ преку програмта на ИПА Интерег за прекугранична соработка со Република Бугарија

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)