Успешно реализиран Оперативниот план за вработување

Успешно е реализиран Оперативниот план за активни политики и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2018 –та на ниво на државата, оценуваат надлежните во Центарот за вработување во Куманово. Реализацијата на оперативниот план изнесува 95 проценти, од кои 53 отсто се директни вработувања  или учество во обуки на млади лица до 29 годишна возраст, а пак 54 проценти од таа реализација, како што информира раководителот на Центарот за вработување , Марија Димитријевска отпаѓа на директно вработување или учество во обуки на жените што придонесува до воспоставување на родовата еднаквост во државата.

Со директни вработувања минатата година се вработени околу 150 кумановци преку мерките Самовработување, Вработување и раст на правни субјекти, Субвенционирање на плати и Условен паричен надоместок.

-75 невработени лица го решија својот проблем на вработување преку програмата Претприемништво односно поддршка за самовработување. Откако ги отворија фирмите, откако го започнаа својот бизнис во овие фирми имаме и 18 дополнителни вработувања од овие 75 лица. 35 лица беа млади до 29 годишна возраст кои што се осмелија својот проблем да го решат преку започнување на свој сопствен бизнис. Исто така и 3 инвалидни лица, лица со посебни потреби го решија своето вработување преку оваа мерка со отворање на свои фирми и започнување на сопствен бизнис. 16 директни вработувања имаме преку мерката Вработување и раст на правни субјекти од кои што 10 се млади лица до 29годишна возраст . Тука на фирмите им се даваше директен грант за реализација на овие вработувања.  27 лица невработени од редот на активни баратели на работа беа вработени преку Програмата Субвенционирање на плати каде што се даваше директна субвенција на работодавачите за нивно вработување за креирање и создавање на нови работни места во нивните фирми.  6 невработени лица кои што беа изложени на социјален ризик го решија својот проблем на вработување преку програмата за Условен паричен надоместок односно програма за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик, изјави Марија Димитријевска, раководител на Центар за вработување Куманово

Мерка која што во иднина ќе придонесе за креирање нови работни места кај работодавачите, според надлежните од Центарот за вработување е мерката Обука на работно место кај познат работодавач.

-Меркава согласно нашите искуства од терен од оваа година е доста атрактивна и мислам дека наредната година ќе имаме поголем процент на вработувања преку оваа мерка пред се, во чевларската и текстилната индустрија бидејќи готов кадар релативно од помладите немаме. Ќе се потрудиме заедно со работодавачите и со невработените лица да го креираме, да го произведеме овој кадар преку оваа мерка односно преку нивна обука во реални услови кај познати работодавачи. Тоа беа мерките кои што придонесоа за директно вработување на невработените лица односно за креирање и создавање на нови работни места кај работодавачите, изјави Димитријевска.  

Освен мерките за директни вработувања, во Оперативниот план постојат и низа мерки кои што овозоможуваат обука на невработените лица за стекнување на соодветно искуство со кое што тие го зголемуваат степенот на конкурентност на пазарот на трудот.

Инаку, според последните податоци на Центарот , на 31 декември 2018-та година бројот на активни баратели на работа изнесувал 9.389, а пасивни – 8.575.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)