Успешно се реализира „Европски ден на спортот во училиштата“

Успешно се реализира „Европски ден на спортот во училиштата“, кој го организира Федерацијата на спортските педагози, во партнерство со  Здружението на спортски педагози од Куманово, како и општинските Сојуз на спорт, но и сојуз на училишен спорт. Четирите онлајн сесиите се реализираат во живо, при што наставници по физичко и здравствено образование и фитнес инструктори го споделуваат своето знаење, покажуваат креативни вежби, но и наградни игри. Во рамки на денот, со кој се одбележува и Европската недела на спортот, активност се одржа и на Спомен костурница.

-Низ цела Европа кај и нас за прв пат се одржува европскиот ден на училишен спорт. Онлајн сесиите тргнаа во живо, прекрасно ја отвори нашиот фитнес инструктор и наставник по физичко Филип Колевски, веќе имаме повеќе од 300 гледачи активни вклучени во живо, отпочна делот со наградните игри,  Сакаме да ги мотивираме, со овие вежби да не бидат денеска туку ова да биде почеток на целогодишно вежбање од дома и на отворено во секоја прилика што ќе ја имаат нашите ученици и нивни родители-истакна Југослав Спасиќ, претседател Здружение на спортски педагози Куманово.

Од општинскиот Сојуз на спортови, како и од сојузот на училишен спорт велат дека настанот е можност да се поттикнат младите и дома да бидат физички активни.

Го подготвувавме настанот уште пред да почне училиштата година да има поголема вклученост, но сега во една хендикеп состојба бидејќи уште не е почнато училиштето имаме голем број на вклучени ученици онлајни ни преостануваат уште три сесии. Мислам дека успешно се носиме во оваа ситуација, бидејќи се е во што е нетипично и ново и за нас и за учениците, и затоа сум среќен што стартувавме со ваква активност-нагласи Филип Колевски, претседател на Сојуз на спортови Куманово.

-Федерацијата на училишниот спорт на Македонија како и Здружение на спортски педагози наоѓаат начини како до учениците да допрат, да не седат дома, да изглегуваат надвор, да пешачат и спортуваат. Ние сме заедно за учениците, така ни и гласи мотото учениците го сакаат спортот, да им го овозможиме тоа. Се надеваме дека во иднина ќе можеме и со физичко присуство да работиме со нив, што ни е и целта-истакна Ивица Ѓоргиевски, претседател на општински Сојуз на училишен спорт Куманово.

Настанот е поддржан од Европската федерација на спортски педагози, а е финансиран од Европската унија.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)