Успешно функционира сервисот за домашна посета на стари лица и лица со попреченост во Куманово.
Проектот го реализираат Домот за стари лица „Зафир Сајто“ и Дневниот центар за лица со попреченост „Порака Наша“. Истиот предвидува домашна посета, помош и поддршка на стари лица и лица со попреченост во нивните домови.
На територија на Општина Куманово старите лица и лицата со попреченост сега имаат можност за алтернатива на институционалното сместување во дом или друг вид институција и со помош од обучен неговател можат нормално да живеат во своите домови.
-Вкупно 32 семејства се опфатени со ваквите посети од обучени и сертифицирани негователи кои им овозможуваат на старите лица и лицата со попреченост да можат заедно да појдат до најблиската продавница, на лекар, на фризер, на прошетка до парк или друга локација, да добијат помош во одржување на својот дом во поглед на хигиена и подготовка на ручек. Во рамките на проектот набавено е моторно возило за реализирање на посети на сите локации, апарати за мерење крвен притисок, униформи и ангажирани се 8 претходно обучени негователи“, напиша на Фејсбук, градоначалникот Максим Димитриевски.
Сервисот е силна социјална поддршка на овие ранливи категории на граѓани и за корисниците е целосно бесплатен. Вкупниот износ на проектот во негово времетраење е 80.000 евра, а финансиски е поддржан од Министертвото за труд и социјална политика на Австрија.