Утревечер ќе игра претставата „Вдовицата се мажи“

Во рамки на фестивалот Денови на комедија утревечер во 20 часот, во Центарот за култура ќе игра претставата Вдовицата се мажи, која е во режија на Младен Крстевски, а во изведба на театарот Јордан Хаџи Костантинов Џинот од Велес. Комедијата е адаптација на едночинката Мечка од Антон Павлович Чехов.

Претставата на комичен начин за гледање ја раскажува приказната за вдовицата Попова, која седум месеци е во траур по смртта на сопругот и одбива да излезе од имотот и да прима посети. Кај неа ненадејно доаѓа артилериски поручник во оставка и кредитор кој си ги бара назад парите кои му ги должи покојниот сопруг.

„Вдовицата се мажи“ е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоциии ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа за тенката граница помеѓу омразата и страста, за човекот кој честопати знае да биде чуден и прекрасен и туѓ на себе.

Коментари

коментар(и)