Утре делови од Карпош и Речица без струја

Утре во периодот од 09 до 11 часот без електрична енергија ќе останат делови од населбата Карпош, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Прекини во снабдувањето со електрична енергија утре ќе има на улиците „100“, „150“, „158“, „159“, „170“, „172“, „174“, „175“, „180“, „196“ во населбата Карпош, како и маркетите „Елида“ и „Центро Бизнис“ лоцирани во истото населено место.

Во периодот пак, од 08 до 14 часот прекини се најавени за селото Речица.

Како што информираат надлежните, станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Коментари

коментар(и)