Утре -Ден на жалост во Општина Куманово

Утрешниот ден е прогласен за Ден на жалост во Општина Куманово со одлука на Советот на Општина Куманово на денешната вонредна седница, одржана по повод вчерашната трaгедија во село Романовце, кога од експлозија на плинска боца загинаа 4 лица, три деца на возраст од осум, девет и единаесет години и 58-годишен маж.

Државните знамиња утре на сите државни органи и органите на локалната самоуправа како и јавните служби ќе бидат истакнати на половина копје, а сите културни, спортски и други манифестации што беа закажини за утре, се откажани.

Претседателката на Советот на општината, Атина Мургашанска  пред отворање на расправата по единствената точка на дневен ред ја објасни оправданоста на причините за свикување на втората вонредна седница на советот.

Со едноминутно молчење, градоначалникот Максим Димитриевски и советниците им оддадоа почит на настраданите во трагичниот настан, по што длабоко сочувство до семејствата на починатите, но и искрени желби за побрзо закрепнување на повредените во несреќата упатија првиот човек на Општина Куманово, претседателката на Советот, координаторите на советничките групи, советници. Дел од нив апелираа до надлежните органи да вршат поголема контрола кога станува збор за производство и продажба на плински уреди.

 „Општината ќе обезбеди и материјална и финансиска помош кога тоа законските услови ќе го овозможат“, рече претседателката Муршанска.

Освен што изразија сочувство до семејствата на настраданите, советниците се заблагодарија и на противпожарните служби и лекарските тимови кои што директно или индиректно се инволвирани во случајот.

Предлог -одлуката за прогласување Ден на жалост во Општина Куманово беше усвоена едногласно со 27 „за“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)