Утре започнува „Денови на мед 2018 “

Наредните три дена минувачите на градскиот плоштад ќе имаат можност да дегустираат мед и други пчелни производи и истите да ги купат по пониски цени од вообичаените кои можат да се најдат по продавниците. На саемската манифестација  „Денови на мед 2018“ можат да се најдат пчелни производи од петнаесетина домашни производители од кумановско, Битола, Гостивар, Скопје,  а се организира 18-ти пат  од пчеларското здружение „Пчела“ . Со свој штанд на саемот ќе учествува традиционално веќе ќе учествува и билкар од Берово, информира претседателот на здружението „Пчела “, Часлав Ристовски.

– Покрај медот како основен производ на пчелата на штандовите ќе има и  полен, прополис, матична млеч, восок, а ќе има и разни миксови комбинирани со медот. Цената на медот  останува како и претходните две години 400 денари по килограм. Последниве години се зголемува свеста кај граѓаните за бенефитите од медот како здрава храна и е зголемена употребата на медот. На манифестацијата „Денови на мед 2018 “  ќе има и органски мед, изјави Часлав Ристовски, претседател на пчеларско здружение „Пчела“  ,Куманово

Ристовски посочува дека оваа манифестација многу придонесува  за афирмација на пчеларството и производителите на медот. Инаку,  и на годинешниве „ Денови на мед 2018 “ традиционално пред присутните ќе се обрати претседателот на здружението, а ќе биде изведена и музичко-играорна програма .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)