Утре започнува „Рома труба фест“

Повеќе оркестри од земјава и странство ќе настапат на 14-от фестивал на лимено-дувачки инструменти „Рома труба фест“ кој ќе трае два дена.

Организаторот на фестивалот Ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“ најави дека на фестивалот ќе му претходат повеќе активности. Во населбата Гоце Делчев кај локацијата „кошеви“ францускиот и кипарскиот оркестар заедно со КУД „Срма“ ќе имаат свој настап за граѓаните со почеток во 18 часот, а веќе од 20:30 започнува настапот на плоштадот.

На првата фестивалска вечер ќе настапат  Уска Кан Кантуров од Берово, Кеми Асанов од Струмица, Ферус Мустафов од Скопје, Бојан Ристиќ од Србија и оркестрите од Франција и Кипар, а специјален гостин е Роберт Ферчо и Бед Бојс.

Организаторот се надева дека манифестацијата ќе прерасне во македонска „Гуча“, а очекува и бројна  публика.

Втората фестивалска вечер  ќе се одржи во петок.

-На втората вечер ќе настапат Џамбо Агушев, Рос бенд Алимов, Среќко Ибраимовиќ, Синиша Станковиќ, млади Браќа Кадриеви од Белгија, како и оркестрите од Франција и Кипар и специјалната гостинка „Љубојна“.

Фестивалот за кој се обезбедени 300.000 денари е под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, како и министерството за култура.

Коментари

коментар(и)