Утре играме со екипата на Ибар

Кумановци вчера пристигнаа во Црна Гора, по малите проблеми по патот и граничните премини. Имено, како што дознавме, на еден од нашите кошаркари му била измината дозволата за привремен претстој во државата, а и возачот заборавил некои документи на граничниот премин Табановце, па морале да се враќаат и патот да го продолжат преку Албанија.

Како и да е, тие се на сигурно и веќе утре играат нов меч, против составот на Ибар од Рожаје со почеток во 17 часот. Овие натпревари се клучни за понатамошниот пласман во балканската лига и да се надеваме дека нема да бидат обесхрабрени по пехот при патувањето.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)