Утре на плоштадот маскенбалот „Батко Ѓорѓија“

На градскиот плоштад во Куманово утре со почеток во 11 часот ќе се одржи традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“.

Учество ќе земат деца од градинките, основните и средни училишта во градот, како и сите кои самостојно или групно претходно се пријавиле за учество.

Организатор на манифестацијата е Фондацијата за култура и спорт, а со финансиска поддршка на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Организаториите информираат дека на маскенбалот се пријавени скоро 30 (групни и индивидуални) маски кои ги сочинуваат вкупно 800 учесници.

Во 10 часот ќе започне неофицијалниот дел од програмата – дефилирањето низ улиците во градот.

Годинава, за прв пат, маскенбалот ќе има ревијален карактер, а, сите учесници ќе добијат благодарница за учество.

Коментари

коментар(и)