Утре седница на Советот на општината

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница со 32 точки на дневниот ред. На седницата, покрај останатите, Центарот за јавно здравје ќе ги информира советниците и јавноста за актуелната состојба со коронавирусот во Општина Куманово, а советниците ќе имаат можност да расправаат и за Годишниот  извештај за движење на заразните заболувања за 2019-та година на подрачјето на Центарот за јавно здравје – Куманово. На седницата јавноста ќе биде информирана и за превземените мерки и активности од страна на Полициската станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од годинава, а ќе биде презентиран и Годишниот извештај за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“за учебната 2019/2020 година, како и Годишната програма за работа на установата за оваа учебна година.

Советниците ќе дискутираат и за Извештајот за финансиското работење на ЈП „Куманово – план“ за периодод од 01 април до 30 јуни годинава, за Предлог – Одлуката за доделување на основна главнина на Јавното претпријатие „Пазаришта“ , за Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2020 година, Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за годинава, Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2020 година, како и Предлог – Одлука за давање на согласност за обезбедување на средства од Буџетот на Општина Куманово, наменети за засебна сметка на проектот „Оддржливи еколошки и здравствени придобивки во прекугранична област”.

На утрешната седница ќе се разговара и за Предлог – Одлуката за давање на согласност за обезбедување на средства од Буџетот на Општина Куманово, наменети за засебна сметка на проектот „Зајакнување вредности на културно и природно наследство“ и за Предлог – Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за давање на согласност за имплементација на проектот „Реконструкција на спомен соба на Спомен Костурница“.

Советниците ќе се изјаснат и за Предлог – Одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Куманово и Општина Ранковце, но и за  Предлог – Одлуката за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2020 година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)