Утре ќе се одржи митингот на СДСМ

Кандидатот за пратеник во изборната едница 2 на СДСМ и коалицијата, Максим Димитриевски ги повика граѓаните утре масовно да пресуствуваат на митингот кој ќе се одржи на градскиот плоштад во 19 часот и 30 минути.

-15 денови како отпочна камапањата за предвремените парламентарни избори на кои СДСМ со планот за живот заедно со граѓаните ќе победи на овие избори. Ја користам оваа прилика во име на претседателот Зоран Заев и во име на сите слободоумни граѓани да ве повикам утре на граѓанскиот митинг кој ќе се одржи на плоштадот во Куманово со почеток во 19 часот и 30 минуит заедно да влеземе во историјата на нашиот народ и држава и да почнеме заедно да ја пишуваме современата македонска историја за подобар живот со планот за живот во Македонија-истакна тој.

Апел до кумановци испрати и претседателот на Нова социјалдемократска партија, Свето Петрушевски.

-НСДП како коалиционен партнер во победничката коалиција на СДСМ вложуваме максимален напор со цел да се сруши тоталитарниот режим.  По вчерашниот најмасовен, најброен одржан граѓански митинг во самостојна Македонија за кој известуваат сите новинарски куќи и нашите соседи, ве повикуваме сите заедно најмасовно досега утре да дадеме поддршка на граѓанскиот митинг на победничката коалиција предводена од СДСМ затоа што имаме план за живот во Македонија и воедно да му порачаме на Груевски и фамилијата дека со нив веќе е завршено. Победуваме-посочи тој.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)