Утре ќе се одржи 23-та седница на Советот

Советот на Општина Куманово утре со почеток во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет, ќе ја одржи 23-та седница на чиј дневен ред ќе се најдат вкупно 19 точки.

Првата точка е  годишниот извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2018, како и програмата за оваа година.

Советниците ќе расправаат и за извештајот за деловно-финансиско работење на Јавното претперијатие „Чистота и зеленило“ –за период Октомври – Декември 2018 година, како и оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето на Општина Куманово во 2019 година.

Советниците потоа ќе треба да се изјаснат и за предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2019 година, извештај за финансиско работење на Јавното претпријатие „Куманово – паркинг“ , како и програмата за работа, програма за измена на Програмата за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2019 година.

На дневен ред ќе се најде и  извештајот за стекнати и распределени средства во 2018 година од средното „Наце Буѓони“, предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на јавните службеници во Дом за стари лица „Зафир Сајто“ –за 2019 година, квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2018 година;, информација за реализирани активности на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции во 2018 година, предлог – Одлука за прифаќање на донација, предлог – Одлука за давање на користење на возило на ЈП „Чистота и зеленило“.

Ќе се одлучува и за предлог – Одлука за давање на трајно користење на урбана опрема – дрвени куќички на ЈП „Пазаришта“ , предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“  и предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“.

Седницата започнува во 10 часот, а директно можете да ја следите и на програмата на Телевизија „Плус“, како и на нашата веб страница, твплус.мк

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)