Во кружната сала на зградата на поранешни општествено-политички организации утре со почеток во 10 часот ќе се одржи триесет и шестата седница на Советот на Општина Куманово.
На седницата ќе се најдат 61 точки, а советниците ќе расправаат за збирниот извештај за настанатите штети и проценетите последици од поплавата во март, како и за финансиските извештаи за годишно работење на јавните претпријатија Водовод , Чистота и зеленило, Пазаришта и Куманово гас.
На дневен ред се годишната програма за 2015 година на Фондацијата за култура и спорт, програмата за управување со отпад, одлуката за траен отпис на даночни задолжувања и бришење на даночни обврзници од евиденција во база на даночни обврзници на Општина Куманово, кои имаат утврден недвижен имот на територија на Општина Липково и Општина Старо Нагоричане.
Меѓуостанатото ќе се расправа и за одлуката за отпочнување на постапка за изнајмување на деловен простор под закуп за потребите на Општината Куманово и одлуката за трајно користење на тезги на ЈП Пазаришта– Куманово.
Како по обичај, и на утрешната седница ќе се најдат голем број на точки од сферата на урбанизмот и просторно планирање, овојпат дури 33.