Утре ќе се одржи 51-та седница на Советот

Во кружната сала на зградата на поранешните општествено-политички организации, Комитет утре ќе се одржи 51-та седница на Советот на Општина Куманово. Вкупно за разгледување има 24 точки.

На дневен ред ќе се најдат кварталниот извештај за извршување на буџетот и проширување на истиот за 2016 година. Потоа ќе следат извештаите за реализација на програмата за развој на спортот, програмски активности од програмата за локален економски развој, информација за начинот на изведување на училишните екскуризии на учениците од основните и средните училишта и друго.

Советниците ќе расправаат и за состојбата со реонизација на општинските училишта, предлог-одлуката за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на Исламска верска заедница, како и годишниот финансиски извештај на јавното претприајтие Пазаришта.

На крај следат и предлог-одлуки за донесување измени и дополни на детални урбанистички планови на улици, плацеви и слично. Седницата која ќе започне во 10 часот, може да ја следите директно на Телевизија Плус.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)