Утре ќе се одржи 57-та седница на Советот

Во кружната сала на зградата на поранешните општествено-политички организации, Комитет утре ќе се одржи 57-та седница на Советот на Општина Куманово. Вкупно за разгледување има 55 точки.

На дневен ред ќе се најдат годишните извештаи и програми на средните и основни училишта од градот и регионот, предлог – одлука за давање согласност на одлуката на Училишниот одбор на средното училиште „Киро Бурназ“ за издавање на простор под закуп.

Потоа ќе следи одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на Македонска православна црква – Охридска архиепископија – Скопје, Кумановско – Осоговска Епархија.

На крај следат и предлог-одлуки за донесување измени и дополни на детални урбанистички планови на улици, плацеви и слично, ставање вон сила на Одлуката за определување на имиња на улици со нумерација на објекти во населено место Гладно Поле – Општина Куманово и Предлог – Решениe за именување на претставници од Општината Куманово за членови на училишниoт одбор во Основното училиште „Вера Которка“ – село Клечовце.

Седницата која ќе започне во 10 часот, може да ја следите директно на Телевизија Плус.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)