Утре ќе се отвори изложбата „Самоуки 2019 “

Дела од неакадемски ликовни уметници утревечер ќе бидат изложени во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.  По паузата во периодот од 2012-та  до 2017 –та година, традиционалната ликовна манифестација „САМОУКИ“  и оваа година е пред љубителите на визуелните уметности. Изложбата продолжува со нови слики, цртежи, скулптури. Отворањето ќе биде во 20 часот.

-Оваа година одзивот на нашиот конкурс беше извонреден. Учество земаа 25 автори од Куманово, она што е интересно можеме да видиме дела во техниката масло на платно, комбинирана техника, можеме да видиме цртежи, исто така во неколку техники и уште едно е што имаме и учесници кои учествуваат со скулптури, од помали формати но интересно е за самоуки уметници да се појавуваат во улога на скулптура. Изложбата ќе биде отворена утревечер во 20 часот и јас се надевам дека гледачите ќе уживаат во она што го имаме изложено во нашиот салон. Имаше одредени критериуми требаше минимално ликовно ниво да задоволуваат овие трудови, но на некој начин ги вклучивме скоро сите што се пријавија-истакна Роберт Цветковски, Центар за култура.

Коментари

коментар(и)