Утре ќе се промовира „Последната книга на планетата земја“

Во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ утре вечер, со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Последната книга на планетата земја“ од Филип Петровски. Делото ќе го промовира Горан Стевчевски-Џина, а манифестацијата ќе ја води Љубиша Петровски.

-„Последната книга на планетата земја“ е насловот на новиот роман, се работи за постапокалитичен криминолошки трилер. Ова дело е плод на една моја длабока визија и ги поканувам сите љубители на пишаниот збор да бидат присутни во четврток. Првата книга носи наслов „Светот во световите“ и пред две години беше промовирана овде. Исто така сакам да искажам благодарност до спонзорите Општина Куманово, кафе бар Агора, Мултитим, како и за корицата од Зоран Арсовски. Оваа книга е планирано да има продолжение сакам да биде трилогија, вториот дел веќе се работи. Ќе има исто мали перформанси со музички точки и дел од глума граѓаните ќе можат да уживаат во севкупна уметност-истакна авторот.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)