УХМР: Moжни поројни врнежи од дожд во североистокот

Во попладневните часови, локално на некои места, особено во северните и североисточните делови од земјата, можна е појава на поројни врнежи од дожд, на места со можност да бидат поинтензивни, во вид на невреме и проследени со силен ветер, грмежи и град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Ваквите процеси за кратко време можат локално да предизвикаат појави на течење и слевање на вода низ градските улици поради неможноста за одведување на водата во краток временски интервал.

Исто така, поради локалната можност од интензивен дожд, локално на некои места (посебно во северните и североисточните делови на земјата), можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, покрај кои посочуваме за внимателно движење. За поголемите реки не постои никаква опасност од нивно излевање.

Коментари

коментар(и)