Учениците денеска добија сведителства

Во основните и средни училишта во градот, денеска на пригодна свеченост беа доделени сведителствата на учениците. Најмногу на сведителствата им се израдуваа најмалите. Тие се сретнаа со наставничките, основците и средношколците со класните раководители  при што зборуваа за постигнатиот успех во изминатита 2015-2016 учебна година. Професорите истакнаа дека се задоволни од сработеното.

-Заврши уште една учебна година 2015-2016 во нашето училиште се делат свeдителства, успешно ја завршивме годината, задоволни сме од работата на учениците веќе се подготовувавме одржавме и наставнички совет со подготовки за идната година. Oсвоивме награди на општински, државни, регионални па и меѓународни натпревари по математика, англиски јазик, информатика и македонски јазик-изјави Сузана Денковска педагог во ОУ „Крсте Мисирков“.

Учениците нагласија дека се задоволни од постигнатиот успех. Од училиштата потенцираа дека во текот на летниот распуст наставниците ги очекуваат неколку обуки за професионално усовршување. Додадоа дека и во идниот период ќе продолжат со исто темпо, дури и понасочени да им го пренесуваат знаењето на своите ученици. Тие на своите ученици им посакаа да уживаат на заслужениот летен распуст.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)