Учениците лесно го изучуваат англискиот јазик

По пет ученици од  петто, шесто и седмо одделение и пет ученици вкупно од осмо и деветто одделение ќе учествуваат на државен натпревар по англиски јазик кој ќе се одржи на 09 мај во Скопје. Овие ученици покажаа најдобри резултати на регионалниот натпревар во спелување  што се одржа викендов во основното училиште „Христијан Карпош“.  Покрај натпреварувачите  од кумановските централни и подрачни училишта, своето познавање на англискиот јазик го покажаа и учениците од Крива Паланка и Свети Николе, вкупно 150.

-Натпреварот во спелување е организиран од Мировниот корпус  и оваа година е со најголем одзив. Најпрвин учениците се натпреваруваат на училишни натпревари, после тоа следуваат регионални и учениците кои што ќе излезат како победници на регионалните учествуваат на државен натпревар, изјави Шеј Јулеј, волонтер од  Мировен корпус

Англискиот јазик  лесно го учат и децата од најмала возраст бидејќи со него се среќаваат при гледање телевизија и користење интернет.

-Не е еден од полесните јазици, но постојано во контактите е потребен  и на различни места, гледаме филмови, песни, децата веќе на 7-8 години имаат омилени америакански пејачи, тие учат некои нови зборови што не ги знаат, а подоцна доаѓаат на училиште и прашуваат за нивното значење. Има ученици кои бараат да посетуваат дополнителна настава по англиски, истражуваат, некои материјали се поскратени со оглед на годините, а во подоцнежните одделенија учат малку пооширно, но дел од учениците бараат уште порано да им биде објаснето, бараат повеќе информации, изјави Ивана Денковиќ, професор по англиски јазик

Организаторот на натпреварот, волонтерот од Мировниот корпус  веќе година ипол е во Христијан Карпош и ги организира активностите во врска со спелување. Ова училиште со негова помош и со професорите по англиски јазик го добило и проектот „Медијатека за англиски јазик“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)