Учениците од денеска повторно на училиште

За основците и средношколците вчера заврши зимскиот одмор, кој траеше 20-ина дена и од денеска тие повторно се во училишните клупи. Распустот годинава започна еден ден порано, односно на 29-ти декември, бидејќи секоја учебна година треба да има 180 работни денови. Првиот училиштен ден од второто полугодие, во основните и средните училишта низ градот започна во најдобар можен ред. По извршените мали инфраструктурни подобрувања, училиштата беа подготвени да ги пречекаат учениците. Во гимназијата „Гоце Делчев“, 1.206 ученици се вратија во училишните клупи.  Директорот, Горан Димитријевиќ истакна дека на стартот на второто полугодие, најмногу внимание ќе посветат на екстерната проверка на матурантите.

-Наставата започна без  никакви проблеми, како што знаете и самите нашето училиште се грее на гас, значи немаме проблеми во врска со затоплување, наставата започна навреме и нема голем број на отсуства од учениците. Наредната недела од 25-ти до 29-ти ќе започне екстерната проверка на матурантите ќе се одвива 5 дена во две групи и вкупно 250 матуранти ќе бидат проверени. Во финална фаза е и подготовка за матурските испити, пријавување на учениците за проекти задачи и до крајот на месецот таа работа ќе се заврши така што од март месец ќе започне и одбрана на проектните задачи-нагласи тој.

И основното училиште „Браќа Миладиновци“ беше подготвено за да ги пречека учениците. Директорката Марина Манојловска, потенцираше дека по одморот наставниците се спремни за пренесување на знаењето.

-Се започна во ред, училиштата се спремни да ги дочекаат учениците и со греење и со она што велиме инфраструктурна подготвеност така што првиот ден нема никакви проблеми. Нормално на релизирање на наставните планови и програми затоа што ни се ближи екстерното тестирање, иако мислиме дека е далеку сепак ние мора да бидеме спремни за моментот кога ќе дојде-нагласи таа.

Манојловска истакна дека нивното училиште во моментов ја изготвува апликацијата за проектот за мултиетничко образование, кој го овозможува УСАИД. Таа се надева дека и втор пат ќе успеат да добијат средства, кои ќе бидат наменети за реновирање. Додаде дека заедно со општината веќе аплицирале и до германската амбасада за проект за реновирање на санитарните јазли за училиштето, кое се наоѓа на улицата Тане Георгиевски. На ниво на градот за околу 17.000 ученици од основните и средните училишта денеска започна второто полугодие.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)