Учениците од ООУ „Христијан Карпош“ дел од нов еко проект

Во склоп на проектот интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем во општинското основно училиште „Христијан Карпош“ започнува проект за едукација на учениците за предностите на рециклирањето на електричниот отпад.

Проектот е во рамките на програма за еколошка едукација на младите која минатата година во декември на училиштето му донесе сребрено знаме, а во рамките на истиот проект во март годинава е издадено и училишното списание „Фиданка“.

Овој месец добивме контејнер за електричен отпад од „Електролект“ фирмата од Секторот за животна средина во соработка со општината беше поставен во дворот на училиштето, значи ова ни е кампања „Ајде дарециклираме“ во која имаме повеќе активности опфатени, значи повеќе работилници за информација прво з аучениците за електричен отпад, з аинформација на пошироката заедница, на родителите. Имаме изготвено флаер кој ќе биде поделен на учениците, вработените, на родителите на родителските состаноци. Денеска беше одржана презентација подготвена од професор по физика Габриела Бошковска и група на ученици „Ајде да рециклираме“ во која цел беше да бидат информирани за правилната намена на електричен отпад – изјави Даниела Стефановска, координатор не еко проектот

Во училиштето претходно беа реновирани и сменети прозорците, а со тоа, како што потенцираше Стефановска, ќе биде заштедена топлинска енергија.

Постојано соработуваме со јавните претпријатија, со „Чистота и зеленило“, значи се со цел за зголемување на еколошката свест и подигање на еколошката свест на пошироката заедница, на вработените и на учениците, бидејќи ако ние не се грижиме за ова што го имаме не очекуваме некој друг да се грижи за тоа – Даниела Стефановска, координатор не еко проектот.

Во еко одборот членуваат група на училиштето инаку членуваат група на родители, претставници од Секторите за образование и животна средина од Општина Куманово

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)