Учениците од „Панче Пешев“ со бројни награди

Три ученици во категоријата соло пијано од нижото музичко училиште Панче Пешев освоија едно прво и две втори места на четвртиот интернационален меморијал Милош Петровиќ, кој неодамна се одржа во Јагодина, Република Србија.

-Во категоријата соло пијано, двајца ученици беа во Б категорија родени 2003 и еден ученик беше А категорија роден 2005 година. Освоивме една прва награда Емира Муслиу и две втори Едита Муслиу и Марко Насковски. Задоволни сме од работата, која вроди со плод-изјави професорката м-р Сандра Зојчевска.

Учениците истакнаа дека се задоволни од резултатите кои што ги постигнале.

-Освоив второ место во Јагодина со 89 поени. Јас сум задоволен како свирев и местото што го добив-изјави  Марко Насковски.

Учениците од Панче Пешев оваа учебна година освоија одлични резултати и на меѓународните натпревари Охрид те сакам, и Полихимнија, кој се одржа во Скопје.

 -Убаво поминавме така што сите деца од камерна музика освоија прво место, ученици од прва б катерогија освоија најмногу поени и на 19-ти април учествуваа на концерт кој беше за лауерати. Ние сме задоволни и се надевам дека од ова училиште ќе излезат многу успешни пијанисти, виолинисти-изјави професорката Риана Рамиз.

Директорката на Панче Пешев, Ивана Андоновска Свилар истакна дека во следниот период им претстои државниот натпревар, како и неколкуте јавни часови.

-Како новина е овогодинешната соработка со музичкото училиште од Охрид. Ќе имаме заеднички проект во кој ќе соработуваат наши и нивни ученици во текот на месецот април ќе ни бидат гости, учениците ќе се дружат и ќе одржат концерт-изјави таа.

Директорката нагласи дека и оваа година исто како и претходните ќе за завршат со годишен концерт на кој ќе настапат најдобрите ученици од сите класи.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)