Учениците од „Перо Наков“ најдобри во „Лидер во струка“

Учениците од Средното општинско училиште „Перо Наков“ ги освоија првите места на државноиот натпревар „Лидер во струка“ кој се одржа во организација на Министерството за образование и Секторот за стручно образование.

Натрепварот се одржува по трет пат, а како и минатата година, така и оваа учениците од  „Перо Наков“ се покажаа како најдобри во три од осумте образовни профили.

Ние нашето училиште СОУ „Перо Наков“ учествуваше во економско-правно и трговска струка. Овој натрепвар во рамките на нашата струка се одржуваше во средното економско училиште Васил Антевски – Дрен на 5 декември и ние од нашето училиште се пријавија тројца ученици, Милена Вељковска во рамкиет на банкарски техничар, Нилола Јовановски во рамките на економски техничар и Андријана Ѓорѓевска во рамките на обарзовниот профил деловен сектретар. Во секој ученик кога се пријавуваше за овој државен натпревар си избра свој ментор – изјави Марина Златковска, наставник во СОУ „Перо Наков“.

Директорката и менторите се задоволни од постигнувањата на своите ученици, кои два месеци активно се подготвувале и во теорија и во пракса.

Во рамките на образовниот профил банкарски техничар нашето училиште освои прво место, во рамките над еловен секретар освоивме второ место и економски техничар четврто место што мислам дека е одличен резултат што не поттикнува и понатаму да учествуваме на овој натрепвар, бидејќи многу позитивно е, поздрав до Министерството за образование, затоа што мисли на стручните училишта, мислам дека и целта на овој проект е да се промовира стручното образование да ги потикне младите да размислуваат и во оваа насока, бидејќи тие познавања кои гис текнуваат во стручното образование многу придонесуваат да успеат во пазарот на трудот каде што недостасуваат овие струки – додава Златковска.

Во рамките на образовниот профил банкарски техничар, на кој втор пат училиштето има свој натпреварувач, првото место го освои Милена Вељковска. Второ место во профилот деловен сектретар и припадна на Андријана Ѓорѓевска, додека со четврто место се врати Никола Јовановски во рамките на образовниот профил економски техничар.

Мило ми беше што бев повикана од моите професори да учествувам на еден ваков натпревар. За мене беше чест и задоволство да го претставувам моето училиште, затоа што тоа е успех не само за мене туку и за моите професори и моето училите. За овој натпревар се спремав околу месец дена и кога помина натпреварот ми беше полесно затоа што знаев колку решив и очекував добри резултати, но не бев потполнос игурна. Секако кога ми кажаа дека го освоив првото место за банкарски техничар, лидер на профил бев пресреќна – изјави Милена Вељковска, ученичка во СОУ „Перо Наков“.

Пред се за натпреварот се пријавив заради некое ново исксутво и да постигнам некој нов успех и потоа се спремав околу еден месец за сето тоа. Кога отидов на натпреварот не очекував дека ќе постигнам толкав успех, во мојот профил економски техничар, тоа е еден од најстарите профили и конкуренцијата беше навистина голема, затоа не верувам дека ќе бидам во првите четири места, поточно освоив четврто место и тоа беше успех за мене, мојата менторка и за сите други во оваа училиште кои ме поддржаа – изјави Никола Јовановски, ученик во СОУ „Перо Наков“.

Како ученик во СОУ „Перо Наков“ и учесник во натпреварот „Лидер на струка“ можам да кажам дека ми беше големо задоволство да се учествува на овој натпревар, бидејќи ми отвори нови хоризонти не само на мене туку и на целото училиште. За натпреварот се спремавме околу месец и пол. Освоив второ место во образовниот профил деловен секретар и тоа ми помогна да се согледам себе си во иднина – изјави Андријана Ѓорѓевска, ученичка во СОУ „Перо Наков“.

Наставничките Гордана Стојановска и Марина Златковска се презадоволни од резултатите на своите ученици и се надеваат дека ваквкиот натпревар ќе помогне во промоцијата на стручните образовни профили во училиштето.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)