Учениците од „Перо Наков“ ја изведоа „Женидба“

Учениците од драмската група при СОУ „Перо Наков“ синоќа во кумановскиот театар ја изведоа претставата „Женидба“ од Николај Гогољ. „Женидба“ е претстава за љубовта, односно потрагата по неа.  Ја обработува темата за бракот, и одлуката за препознавање на вистинскиот човек.

Во претставата играат учениците:  Николај Павловски, Стефан Павличек, Димитар Петрушевски, Кристина Петрушевска, Дејвид Стоилковски, Никола Петковиќ, Илијана Митровска, Леонид Стојановски, Меланија Мркоњиќ, Мартина Михајловска.

-Мојата улога во оваа претстава е стројник, јас го женам младоженецот. Улогата многу ми се допадна, има слични карактеристики како и мене. Претставата ја подготвувавме три месеци, немавме некои потешки проблеми-вели еден ученик.

-Мојата улога во претставата е невестата, која се обидуваме да ја мажиме. Многу повнимателно да се избираат младоженците.
Целата приказна започнува со ликот кој се двоуми дали да се мажи или не. Имаме невеста на која и бираат младоженци, шесттмина се претставени во претставата таа треба да избере еден од нив-дополни една ученичка -вели друга ученичка.

-Иван Павловиќ го играм во оваа претстава од Гогољ, најпознат руски писател за комедии. Многу е лесна но добра за изведба, смешна, се надевам дека публиката ја задоволивме со тоа што го прикажавме, она што сакам да го истакнам е дека луѓето сакаат да се смеат, да ги растерети претставата од проблемите кои што ги имаат-изјави еден од учениците.

Претставата се реализираше под менторство на Александра Георгиевска.

Коментари

коментар(и)