Учениците се вратија во училишните клупи

По тринеделен зимски распуст, учениците денеска се враќаат во училишните клупи во второто полугодие од учебната 2019/2020 година. Наставата ќе продолжат да ја следат 15 400 ученици, информираат од Секторот за образование во Општина Куманово.

„ Второто полугодие стартуваше без никакви проблеми во училиштата во Куманово“ , изјави денеска  раководителот на секторот, Жика Крстевски.

-Денеска е првиот работен ден и немаме никакви проблеми во однос на нормално отпочнување на настава во сите училишта, она што во овој период е најбитно загревањето на просториите во училиштата,во сите училишта се во функција системите за греење, без разлика дали се на нафта, гас или огревно дрво. Енергенсите навремено се обезбедени така што немаме проблем во однос на затоплувањето на училиштата. Имаме училишта кои се на парно греење, на дрва, на нафта и на гас. Тендецијата и напорите на општина е да се водеде гас до сите училишта и до сите субјекти кои функционираат во општината. Оваа година стратуваше „Бајрам Шабани“ на гас, тие се комбинирани, оние кои беа на нафта, сега се комбинирани. Сега ни се отвора една поголема перспектива и можности за донации, покрај тоа што и општината и МОН во кое се капиталните инвестиции во образованието да се модернизираат училиштата , изјави Жика Крстевски, раководител на Сектор за образование во Општина Куманово  

Освен околу затоплувањето на училиштата, во текот на зимскиот распуст направени се и стручни подготовки преку Бирото за развој на образованието на наставниот кадар за новата програма што треба да се реализира во текот на второто полугодие врз основа на што надлежните очекуваат успешно одвивање на наставниот процес до крајот на оваа учебна година.

Инаку, и оваа учебна година започна со помал број на запишани ученици во однос на вкупниот број ученици кои што според евиденцијата треба да посетуваат настава во кумановските основни и средни училишта.

-Наставата започнува за 15 400 ученици од кои 5 100 се во средно образование, а 10 300 се во основно образование, така што таа бројка која на почетокот на учебната година кога констатиравме дека има благо опаѓање во однос на вкупниот број на ученици во однос на запишувањето во прво одделение, во основните имаме 131 дете помалку, а во средните училишта 222 ученика помалку, зборувам само за запишаните, таа бројка е поголема во однос на вкупниот број на ученици во сите паралелки така што тој тренд не е толку изразен како во еден период пред неколку години меѓутоа се уште има тренд на опаѓање . Се надевам дека конечно и пописот ќе се направи па вистината ќе мора да ја погледнеме во очи и во однос на тие состојби да се направат реформи кои ќе бидат суштествени и кои ќе дадат резултати она што стратегиски оваа држава сака да направи во областа на образованието, изјави Крстевски.  

На ниво на државата, наставата ќе продолжат да ја следат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои околу 20 000 првачиња.

Наставниците продолжуваат да работат со повисоки плати од јануари за 10 отсто, согласно со постигнатиот договор помеѓу синдикатот (СОНК) и Министерството за образование и наука.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)