Учениците се вратија во училишните клупи

1.200 првачиња денеска за првпат се сретнаа со својот учител.  Овој број не е конечен со оглед на фактот што уписите траат и во текот на првата половина од септември. Според списоците кои што секторот за образовие при општина Куманово  ги добил од надлежните државни органи во новата учебна година треба да се запишат вкупно 1.551 деца кои што се родени во 2010 –та година и во јануари 2011.

-Се очекува уште 15-ина деца посебно од ромската етничка заедница кои вообичаено во овој месец до средината на овој месец се запишуваат,  така што бројката во однос на бројката  од минатата година кога се запишаа 1.236 деца е  тука некаде, 15-ина или дваесетина можеби помалку ќе се запишат меѓутоа пак велам ова се уште не е завршено, изјави Жика Крстевски, раковододител на Сектор за образование

Учебната 2016-17 година започна во сите централни и  подрачни училишта, и покрај тоа што пред самиот старт имало закани дека во одредени училишта ќе има бојкот на наставата, информираат надлежните. Кко што соопштува Крстевски, во училиштата се направени сите подготвки и во однос на техничка подготвка на просториите и во однос на едукацијата  и запознавањето на наставниот кадар со сите новини што следат во оваа учебна година.

Основното училиште „Браќа Миладиновци “ последните неколку  години е рекорден по  бројот на запишани првачиња.Топло добредојде на  првачињата и успешен старт во образовниот процес на учениците им посакаа директорката Марина Манојловска и градоначалникот Зоран Дамјановски.

Минатата година  вкупно 1.183 ученици во Куманово првпат седнаа во училишните клупи, што значи дека оваа учебна година бројката на правчињата според добиените списоци е зголемена за околу 300.

Инаку, денеска е првиот училишен ден за  10.988 ученици во основното образование  во сите одделенија, и за 5.256 средношколци или вкупно   16.254 ученици денеска седнаа во училишните клупи.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)