Ученици во посета на СВР Куманово

Ученици од основното училиште „Толи Зордумис“ денеска во рамки на Неделата на безбедност во сообраќајот, се запознаа со работните задачи на Секторот за внатрешни работи Куманово. Тие во придружба на професор, од надлежните во полицијата слушнаа за работата на СВР Куманово, секторите, крим техниката, сообраќајните правила и прописи, но и санкциите кои што можат да им бидат изречени на лицата доколку сторат некое прекршочно или кривично дело.

-Најмногу ги интересира работата на крим техниката и на сообраќајната полиција. Всушност и оваа група сега со радост чекаат да излезат надвор и да земат стоп алка да може и тие со полицаецот да запираат, контролираат документи, многу работи веќе им се познати, тоа е знак на добрата работа и на наставниците кои што се во таа област во училиштето,  но и на честите едукативни предавања кои што ги спроведуваат нашите службеници. Потоа со полициски службеници од ПЗС БПС на терен ќе учествуваат во контрола и регулирање на сообраќајот при запирање на возила од наши полициски службеници ќе им поделат флаери и привезоци подготвени за оваа намена на возачите и другите учесници во сообраќајот-посочи Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.

Од СВР Куманово посочија дека во рамки на Неделата на безбедност во сообраќајот, следуваат и низа други превентивни акции на терен и едукативни содржини наменети за ученици од основни и од средни училишта, со цел поголема безбедност во сообраќајот и почитување на законските правила и прописи.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)