Ученици во посета на СВР Куманово

Ученици од основното училиште 11-ти Oктомври денеска беа во посета на Секторот за внатрешни работи Куманово. Посетата е во рамки на проектот Безбедни училишта кој го спроведува отсекот за превенција.  Осмооделениците се запознаа со работата на дежурната служба, одделот за криминалистичка техника и сообраќај.

-Безбедноста во сообраќајот е еден од главните приоритети на СВР Куманово затоа и отсекот за превенција во текот на целата година спроведува одредени едукативни работилници и тоа воглавно со најмладата популација затоа што се обидуваме уште од најмалата возраст да ги воведеме децата и правилно да размислуваат за безбедноста во сообраќајот. Децата реагираа позитивно со тоа што покажаа доста стручно и добро знаење од областа на јавниот ред и мир и сообрaќајот но посебно покажаа интерес околу криминалистичката техника односно како се подигаат траги од лице место како се открива извршителот на кривични дела-истакна Марјан Павличек, самостоен инспектор Отсек за превенција.

Основното училиште 11-ти Октомври три години е вклучено во проектот Безбедни училишта. Наставничката Емилија Станојковска истакна дека е задоволна од интересот кој го покажуваат учениците.

-Децата го посетија отсекот за криминалистика првин имаа предавања за правата на децата дали ги знаат правата обврските дали децата на нивната годишна возраст подлегнуваат под кривичен закон дали ќе бидат осудени или не, потоа посетивме дел од криминалистичката апаратура, како се земаат отпечатоци, како се пронаоѓаат извршители на кражба, сообраќајна незгода. Потоа посетивме дел од службата 192 како делува и се запознаа дека сите граѓани при нивното раѓање се евидентираат и не може никој лажен повик да прави-изјави Емилија Станојковска, наставник ОУ „11-ти Октомври“.

Учениците изјавија дека им се допаднала посетата и дека се гледаат во оваа професија. По посетата на СВР Куманово, учениците заедно со претставници на полицијата и волонтери од Црвениот крст изведоа показна вежба на Градскиот плоштад. Полицајците запираа возачи, кои заедно со децата и волонтерите изведуваа вежба за укажување  прва помош при сообраќајна незгода.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)