Ученици ги одбележаа Деновите на франкофонија

Со специјалитети од француската кујна, музички и спортски активности се одбележаа Деновите на франкофонија, во подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци “ во село Пчиња.

Во рамки на манифестацијата се одржа и мала приредба на која учениците рецитираа песни на француски јазик, а пред влезот на училиштето беше поставен и продажен штанд, на кој можеше да се најдат рачни изработки.

-Јас веќе 30 години предавам француски јазик во ова училиште. Иако учениците учат и друг јазик тие се уште имаат интерес за францускиот, што посебно ме радува – изјави професорката по француски јазик, Зорица Пирганоска.

slika 1

Координаторката за франкофонија во Министерство за образование и наука, Марија Николова наведе дека Македонија од 2006 година стана полноправна членка на меѓународната организација за Франкофонија.

-Францускиот јазик се уште е втор странски јазик во образовниот систем во Македонија. Во повеќе од 250 основни училишта се изучува овој јазик. Последните години бројката е помала од различни фактори, но тоа се случува и на генерално ниво – наведе таа.

Претседателката на здружението на професори по француски јазик во Република Македонија, Снежана Петрова нагласи дека младите доколку сакаат да станат успешни, треба да настојуваат да знаат повеќе јазици.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)