Ученици и наставници од „Гоце Делчев“ ја посетија Португалија

Делегација од шест ученици и три наставници од гимназијата „Гоце Делчев“, од 10-ти до 16-ти месецов, престојуваше во градот Агуеда, Португалија. Посетата е во рамки на проектот „Ослободување на нашите умови од стереотипни идеи“, дел од Еразмус плус програмата. Освен Македонија и Португалија во проектот се вклучени и училишта од Литванија, Романија и Турција.  

Учениците имале можност да учествуваат во работилници на тема „Дискриминација од сите облици“. Изработувале  флаери, пишувале поеми, а создале и претстава која ги прикажува сите видови на дискриминација.

– Многу е битен проектот затоа што се разработуваат теми од секојдневниот живот, се гледа да се разбијат стереотипите кои влијаат да се намали дискриминацијата, целосно да се сузбие, со тоа што и плус учениците, освен тоа што запознаваат други ученици, ги запознаваат културите кои што се таму, нивниот начин на образование, посета на училиштето, часовите, се запознаа со нивниот образовен систем и правеа разлика како е кај нив, како е кај нас-вели професорката Валентина Каранфиловиќ.

Во посетата во Португалија учествувале ученици од прва и трета година. Средношколците велат дека преку проектот стекнале бројни искуства, а се запознале и со културните обележја на оваа држава.

-Можам да кажам дека нашата група помина неколку дена интерактивна работа во училиштето во Агуеда, исто така поминавме време и шетање, околината, го посетивме поголемиот град Порто, многу сме задоволни од дочекот, начинот на организација-истакна ученичката Теодора Јовановска.

-Искуството е многу добро, затоа што добиваш нови запознавања, можеби за иднината, отворање на нови врати доколку сакаш да струдираш во странство, нови пријатели и можеби ќе бидат за цел живот. Имаше многу различни места кои ги посетивме, на пример Синагогата која е за Евреите, нивната религија, обичаите кај нас тоа не е толку познато.  Ги ослободивме нашите умови од стереотипни размислувања, сите бевме како едно, се беше во ред и убаво искуство-дополни средношколката Тамара Стојмановска.

Во рамки на овој проект е планирано гимназијалците во мај годинава да ја посетат и Романија, а наредна година и Литванија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)