Ученици од „Гоце Делчев“ освоија прво место

Јована Станковска, Горјан Јовановски, Бисера Мишевска  и Дамјан Симоновски се учениците од гимназијата Гоце Делчев кои освоија победа во конкуренција на повеќе од 40 бизнис идеи, на натпреварот за најдобар бизнис план. Овие средношколци создадоа алка која ја претвора енергијата од движење во електрична за полнење мобилен телефон. Проектот за производство на електрична енергија во движење го оценуваше жири комисија составена од 12 членови, претставници на бизнис заедница.

-Најпрвин би сакала да се заблагодарам на организаторите нашите професорки без кои ова нема да успееше и би сакала да се заблагодарам на мојот тим мислам дека ова беше едно прекрасно ново искуство стекнато за нас и мислам дека благодарение на ова ќе имаме и големи инспирации за да продолжиме во иднина-нагласи  Јована Станковска ученик во гимназија Гоце Делчев.

-Јас сакам првин да се заблагодарам на мојот тим, најпрвин сме другари и така ова беше возможно имаме огромна хемија и сакаме да работиме, трудољубиви сме. Идеата за оваа алка е на Јована и ние се согласивме да ја обработуваме -посочи Горјан Јовановски ученик во гимназија Гоце Делчев.

Менторите, Даниела Ивановска и Стојанка Темова истакнаа дека се задоволни од презентацијата на учениците која се одвивала на англиски јазик, при што нагласија дека по долга и макотрпна работа, наградата е очекувана.
-10 години веќе учествуваме на овој натпревар за најдобар бизнис план односно најдобра бизнис идеа оваа година во конкуренција имаше 40 бизнис плана коишто беа пријавени на натпреварот и со една работа заедно со нашите ученици го освоивме првото место.  Сакам да им заблагодарам на нашите ученици коишто макотрпно работеа цел месец на оваа идеа и голем заслуга за нивната работа, одговорност во ова што сега го направија и една идеа која како што кажа и другата професорка нема таква идеа, нешто ново, иновативно но и на натпреварот беа навистина најдобри и во најдобро светло тоа го презентираа-изјави Даниела Ивановска професор по бизнис и претприемништво.

-Нашите ученици понудија навистина нешто ново, иновативно досега не постои и заштеда на електрична енергија и нешто ново нов модел, токму тоа е тоа што ги привлече жирито. Нашите ученици имаа навистина голема одговорна задача да одговорат на сите поставени прашања на стручни лица, навистина беа подготвени многу работеа и резултатите беа очекувани, беа навистина добри презентери на високо ниво, јас верувам дека вистински професионалци не можеа така добро да ја одбранат бизнис идеата какошто тоа го направија нашите ученици, професионалци во права смисла на зборот-додаде Стојанка Темова професор по бизнис и претприемништво и иновации.

Натпреварот го организираше Машинскиот факултет од Скопје, односно Центарот за развој на мал бизнис.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)