Ученици од Киро Бурнaз ја посетија Португалија

Александар Илиевски и Антонио Стојановски се двајцата ученици од средното стручно училиште „Киро Бурназ“ кои заедно со нивниот ментор Сашо Стефановски, изминативе две недели престојуваа во Португалија. Посетата е дел од проектот Apple -Земјоделска пракса и практично учење во Европа,  а е во рамките на Еразмус+ проектот на националната агенција од Скопје. Проектот има за цел да ги подобри можностите за вработување на ученици, веднаш по завршување на средното стручно образование, да го зголеми чувството за претприемништво, како и мотивацијата за надградување на знаењето.

-Она што е интересно да се спомене дека за време на престојот домаќинот имаше организирано културна програма за учениците и наставниците во слободните денови учениците ја прошетаа Португалија беше посетено Порто со сите заменитости и културно историски споменици, исто така е направена посета и до Лисабон, децата имаа што да видат на крајот секое дете вклучително и наставниците добија Еуро пас сертификати-посочи менторот.

Проектот има за цел да придонесе и за развивање на вештините за подобрување на практична настава на наставниците, користејќи методи за обезбедување на квалитетна пракса, идентификување и начин на вклучување на компании, како и алатки за документирање и оценки на учениците за пракса.

-Проектот беше реализиран со помош на повеќе партнери испраќач од Скопје кој воедно беше и апликант на целиот проект фондацијата Агроцентар за едукација. Нивна задача и цел беше организирање на средби со нас како избрани училшта и понатаму координација на проектот во Португалија. Партнер училишта освен нас беа и Орде Чопела од Прилеп, Ѓорче Петров од Кавадарци , Кочо Рацин од Свети Николе и Моша Пијаде од Тетово-нагласи  Стефановски.

Ученикот  Антонио Стојановски истакна дека е задоволен од посетата во Португалија. Додека дека освен што научил нови методи и техники за работа, времето го искористил и за дружба и запознавање на културните обележја на оваа држава.

-Имавме пракса во различни струки ветеринарна, преработка на млеко, садење на цвеќе и оранжери. Не обучуваа како да засадиме култури,  да ги расадиме, негуваме и слично. Задоволен сум од посетата ќе можам знаењето да го применам тука-изјави тој.

Посетата во Португалија е првиот дел од проектот. Вториот е планирано да се реализира во февруари, што значи дека нови ученици од Киро Бурназ ќе имаат можност да се запознаат со начинот на работа во Сицилија, Италија.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)