Ученици од „Крсте Мисирков“ на светско во атлетика

Ученици од основното училиште Крсте Мисирков наредната недела ќе се натпреваруваат на екипно училишно светско првенство во атлетика, кое ќе се одржи во Спилит, Хрватска. Натпреварите започнуваат од 13-ти а ќе траат до 19-ти мај.

-Како единствени претставници на нашата општина и нашата држава ќе се обидеме гордо да го носиме нашиот грб, знаме и да постигнеме одлични резултати. Ова е 23-то светско првенство за основните и средните училишта. Датира од 1973 е организирано првото светско првенство, горди сме на нашите ученици и менторите и ќе обидеме да донесеме што подобри резултати-истакна директорот на Крсте Мисирков, Александар Јовановиќ.

Наставникот по физичко образование, Филип Колески истакна дека се работи за атлетско натпреварување каде се бодува тимот, односно нема индивидуални победи, туку тимски пласман.

-Секој натпревач освојува поени и според резултат што ќе го постигне севкупно се собираат поени од сите натпреварувачи и го добиваме пласманот на екипата. Многу е покомплексно, мора да се учествува во сите групи на дисциплини не може да се водат само деца по избор од некои атлетски дисциплини. Имаме група од трчање, спринтови, скокање, фрлања, средни и долги патеки и штафета во секоја дисциплина мора да се има добар натпреварувач за да постигне поени, за да може да се бодува целата екипа. Натпреварот е направен за да го поттикне тимскиот дух а не да се вреднува само резултатот на поединецот-истакна Колески.

Основното училиште „Крсте Мисирков“ по втор пат ќе учествува на ова светско првенство.

Коментари

коментар(и)