Ученици од „Наце Буѓони“ во посета на „Кабелко маг“

Ученици од средното техничко училиште „Наце Буѓони“ денеска ја посетија фабриката за производство на кабли, „Кабелко маг“, која се наоѓа во просториите на поранешен Чик. Учениците кои што се трета година на профилите електротехничар и електроенергетичар се запознаа со начинот на функционирање на фабриката,  како и процесот на производство на енергетски кабли од различни типови.

-Сакав да избегам од некое секојдневие, нешто што сме го гледале само на видео клипови и во разни проспекти. Тука во Куманово ја имаме таа можност, во близина на училиштето, една фабрика каде што се произведуваат овие кабли. Заинтересираност кај децата е голема, научија нешто плус, целта е постигната, тие се од струката електротехничар, електроенергетичар трета година, во четврта година исто така имаме планирано посети од програмата,  така што ги реализираме предвидени настани-истакна наставникот по практична настава и стручни предмети во „Наце Буѓони“, Александар Цветков.

Наставникот Цветков изрази благодарност до вработените и сопственикот на компанијата што им овозможија на учениците одблизу да се запознаат со производствениот процес.

– Јас сум многу задоволен од оваа посета, продукција на кабли интересно беше да се види, тоа е важно за нашата струка, интересно е практична настава. Целата постапка е многу интересна и кабелот е еден од најкористените производи во нашата струка-посочи еден ученик.

-Беше интересно видовме што видовме, поврзано со нашата струка. Се беше супер, немаме забелешки-дополни друг средношколец.

-Едно ново искуство, научивме нови работи, видовме како се произведуваат кабли, добивме знаење за понатаму, како се изолираат, со кој пресек и машини се работат-заврши трет средношколец.

Еден од сопствениците на Кабелко маг од Куманово, Гоце Магловски истакна дека почетоците на оваа успешна семејна приказна која произведува кабли со врвен квалитет, започнале од 2012 година. Тој изрази задоволство што нивната визија станала реалност.

-Денеска имавме посета од средното училиште Наце Буѓони, отворени сме за соработка, претпоставувам дека ќе има интерес од учениците да дојдат и да имаат практична настава во компанијата, со тоа што ќе имаат предност за понатамошно вработување во истата. Да не заминуваат младите во друга насока. Ние сме 10 проценти од производството е на домашниот пазар, а 90 проценти е надвор од државата, Европската унија и поранешните Југословенски простори. Добро котираме на тој пазар, добро сме прифатени, сами кажуваат за квалитетот и работата на компанија-нагласи тој.

Фабриката „Кабелко маг“ која што работи според европските стандарди, произведува инсталациони и флексибилни кабли.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)