Ученици од „Професор Мијалковиќ“ со награди во Струга

Ученици кои престојуваат во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ од државниот натпревар „Домијада “ што се одржа во Струга се вратија со повеќе награди и покрај силната конкуренција. Кумановските средношколци се изборија за четири пехари натпреварувајќи се со ученици од сите ученички домови во земјава. Според воспитувачот Дејан Ивановски, годинава за нив е најуспешна. На 23 –та  по ред „Домијада “ освоиле прво место во пинг-понг машка и женска конкуренција, второ место во шах, машки и трето место шах-женски. Лани освоиле 3 награди, а претходната година само еден пехар.

-Учествував во фудбал машки и во шах, во фудбал не освоивме место бидејќи имаше многу силна конкуренција, во шах освоивме второ место бидејќи бевме прилично добри и покажавме успех од наша страна. И лани учествував на натпреварот, се надевам дека наредната година ќе бидеме подобри, изјави Стефан Ангеловски, ученик

-Се натпреварував во пинг-понг, освоив прво место, имаше силна конкуренција, но се боревме и освоив прво место, се занимавам од прва година, рече Бојан Спасовски, ученик

Воспитувачот Ивановски се надева дека наредната година ќе ја освојат целокупната Домијада.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)