Ученици од „Толи Зордумис“ во посета на полицијата

Триесетина ученици од шесто до осмо одделние од општинското основно училиште Толи Зордумис денеска во рамките на проектот „Мојот Град“ се запознаа со работните задачи на Секторот за внатрешни работи Куманово.   Учениците во придружба на своите професори по техничко образование од надлежните во полицијата имаа можност да слушнат од колку оддели се состои СВР Куманово, како функционираат практично, а беа запознаени и со одредени санкции кои што можат да бидат изречени на малолетни лица доколку сторат некое прекршочно или кривично дело. Децата покажаа солидно познавање на сообраќајните правила и прописи, а знаеја и дека освен за возрасните постои затворска установа односно поправен дом и за децата.

– Оваа година  сме ние избрани во рамките на проектот да посетиме полиција.  Имаме 15 ученици од македонска и 15 од албанска етничка припадност, изјави Станче Спасевска, ООУ„Толи Зордумис“

Колегата на професорката Спасевска , Рамадан Мурати вели дека и покрај тоа што во предметот техничко образование сообраќајот е застапен со шест наставни единици и децата имаат одлични познавања на тематиката, сепак за децата многу поучно и поинтересно е да видат како Секторот за внатрешни работи функционира практично.

-Многу им е интересно, за првпат доаѓаат. Доста е профитабилен проектот , ние сме како мулти -култи програма која  ги зближува децата да соработуваат меѓусебе. До денеска децата се плашеа од полицијата,  но сега кога видоа дека полијаците имаат задача  да ги заштитуваат тие го променија мислењето за институцијата, изјави Рамадан Мурати , ООУ„Толи Зордумис“

Со денешната активност завршува  проектот „Мојот град“  кој всушност е дел од „ Безбедни училишта“, проект инициран од ОБСЕ за безбедност на учениците од основните и средните училишта на ниво на државата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)