Ученици твореа за својот град

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“  награди шест песни напишани од основците за својот град. Стотина творби за Куманово пристигнале до жири комисијата по претходно распишаниот конкурс „Мојот град“ . Наградените и пофалените песни денеска беа претставени пред учениците и нивните ментори при панорамското разгледување на градот и спортскиот аеродром Аџитепе.

-Тоа беше идеја на центарот за култура малку на поинвентивен начин да ги претставиме песните, се возиме и читаме за Куманово и дојдовме тука на спортскиот аеродром Аџитепе да го видат децата аеродромот и да го разгледаат градот.  Изненадени сме што пристигнаа многу творби, околу 120. Од тие творби наградени се две со први места, две – втори и две – трети места, а сите дечиња добија пофалници. Морам да ги пофалам сите училишта од Куманово кои се пријавија со голем број на творби и навистина беше тешко да се одлучи која песна ќе биде прво место, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУ Центар за култура

Според одлуката на стручната комисија, првото место го делат ученичките Михаела Младеновска од ООУ „Христијан Карпош“  под менторство на професорката Весна Алексовска и Јулија Стојановска од „Вук Караџиќ“ , ментор Николче Јакимовски.

Второто место им припадна на ученикот Вељко Тричковиќ  од „Кочо Рацин “ со менторот  Галаба Давчевска и Георгина Стојмановска од„ Крсте Мисирков“ , ментор Тања Петрушевска.

Третото место го делат учениците  Леонид Петковски  од „11-ти  Октомври“ , ментор Елизабета Тодоровска и Мила Спасовска од  „Кочо Рацин“  со менторот  Надица Димитриевска.

За најпесна е прогласена творбата на Дамјан Милановски од основното училиште „11-ти Октомври “ , ментор Габриела Младеновска.

 

 

Коментари

коментар(и)