Училиштата со инклузивен пристап за учениците

Почнаа градежни активности за изградба на тоалети во централниот објкет на основното училиште „Браќа Миладиновци“, информираа денеска надлежните. Тоалетите ќе бидат адаптирани за потребите на учениците со попреченост, а наскоро ќе почне и изградбата на лифт.

– Вкупно ќе бидат изградени четири тоалети, три во централниот објект и еден во училиштето на улицата „Тане Георгиев“, каде настава следат ученици со посебни образовни потреби. Во централниот објект тоалети ќе има на првиот и вториот кат, како и во училишната спортска сала. На овој начин се преземаат сите чекори за да се овозможи инклузивен пристап за сите наши ученици, изјави директорката на училиштето, Јасминка Спасовска.

Во Куманово во три училишта се спроведуваат слични активности, наменети за учениците со попреченост во основните „Браќа Миладиновци“, „Бајрам Шабани“ и во средното училиште „Наце Буѓони“.

(МИА)

Коментари

коментар(и)