Училиштето „Браќа Рибар“ го прослави патронатот

Основното училиште „Браќа Рибар“ од село Табановце денеска прослави  64 години од постоењето и патронат на училиштето. За таа цел учениците подготвија Присутните имаа можност да проследат богата културно уметничка програма, која ја подготвиле учениците заедно со наставниците.

-Активностите почнаа уште во минатата недела во среда имаше литературно читање во четврток игри без граници, и во петок беше организирана ликовна колонија. Скоро цела недела ни беше исполнета со активности по повод патрониот празник. Сега ни се 64 години од постоење на училиштетото инаку во Табановце е централното имаме уште 4 ри подрачни во село Сопот, Четирце, Горно Којнаре и Костурник, наставата се изведува на три јазици, македонски албански и српски-нагласи Светлана Стефановска, директор на ОУ „Браќа Рибар“.

Изминатиов период биле реализирало неколку инфраструктурни зафати во централното и подрачните училишта.

-Минатата година имавме реконструкција на подови и прозорци и врати на ушчлиштето, ќе видиме оваа година ако може фасадата. Во село Сопот изградивме септичка јама се направи ограда и се во однос на финансиски односи-посочи таа.

Во овие подрачни училишта се образуваат 258 ученици.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)