Училиштето „Крсте Мисирков“ го прослави патронатот

Основното училиште „Крсте Мисирков“денеска прослави 69 години од постоењето. За таа цел учениците изведоа богата културно уметничка програма, која ја подготвиле заедно со наставниците. Директорот, Бобан Поповски истакна дека се горди што нивното училиште го носи името на кодификаторот на македонскиот литературен јазик и правопис.

-69 години патронен празник слави Крсте Мисироков, 69 генерации поминати над 75 илјади ученици завршени наша гордост лично и јас тука имам завршено, наредната година ќе славиме уште поголем јубилеј имаше една претстава, вечерва имаме завршна претстава утредена делиме над 120 дипломи учествуваа масовно на натпревари од сите области, беа вклучени и во претставата се беше подготвено во најдобар ред-додаде тој.

Поповски посочи и за позитивните резултати кои што ги имаат последниве години.

-Со години го држиме првото место самите дипломи и активностите на учениците, секциите кои што ги одржуваат, работењето пред часови и после мислам дека резултатот е неминовен ако се работи нормално дека ќе има резултати ние покажавме дека навистина бевме едно од најдобрите училишта во градот таа традиција ќе продолжи и во иднината-додаде тој.

На манифестацијата присуствуваа претставници од општината, секторот за образование, советот, училиштата, родители и бројни ученици.

Коментари

коментар(и)