Училиштето „Толи Зордумис“ го прослави патронатот

Основното училиште „Толи Зордумис“ денеска прослави 56 години од постоењето. Пред бистата во дворот на училиштето цвеќе положија претставници на училиштето, учениците и други присутни. Учениците на македонски и албански јазик одржаа краток говор за ликот и делото на Зордумис и кажаа дека бил светла личност од македонската историја. Директорот Миле Јордановски истакна дека училиштето изминативе години бележи раст и развој.

-Наставниците работат со голема професионалност и во своето работење тие секогаш придонесуваат за една квалитетна настава, подобрување на знаењата кај децата, подобрување на условите за работа во самото училиште и една подоготвка на сите ученици низ ова примарно образвоание како што велиме не е само оценката во прашање туку да се  стекнат со знаења кои ќе бидат применливи во пракса и едноставно подоготвка на учениците за упис во средните училишта како добри и квалитетни ученици-нагласи тој.

Јордановски истакна дека е задоволен и од функционирањето на Толи Зордумис како мултиетничко училиште во градот.

-Училиштето доста соработува и целите беа соработка со локалната средина, граѓаните. Соработувавме и со невладини организации, образовните институции, учесници сме на скоро сите манифестации кои се организираат од општината, како и другите институции, Центарот за култура, бевме и на последната манифестација Шарено јајце, маскенбалот-додаде Јордановски.

Менаџерот на оваа образовна установа дополни дека изминатава учебна година бележат значајни резултати на општинските, регионалните и републички натпрвари.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)