Училиштето „Христијан Карпош“ без основни услови

И оваа учебна година околу 180 ученици од подрачното основно училиште „Христијан Карпош“ во населбата Иго Тричковиќ, попозната меѓу кумановци како Пуковско, ќе ја започнат во старата руинирана зграда. Наместо радост поради училишното ѕвонче, учениците но и родителите беа згрозени од уништените ѕидови, искрешни врати, прозорци, смет и израсната трева. Велат дека веќе изгубиле надеж дека надлежните ќе обрнат внимание на оваа воспитно-образовна институција, која се наоѓа во катастрофална состојба без основни елементарни услови за школување.

-Никој не поведува ред  се е запуштено, навечер има наркомани тука се собираат, вратите се искршени. Ова е небезбедно дури и стравотно, за жалење е-велат родителите.

Тие додаваат дека со децении училиштето е без спортска сала, па учениците часовите ги држат во дворот, кој исто така е во катастрофална состојба.

Директорката на училиштето, Лидија Костиќ вели дека овој проблем се провлекува низа години поради нерешени имотно-правни односи за дел од земјиштето кое е во училишниот двор. Имено просторијата која што се наоѓа под училниците е во сопственост на месната заедница, па затоа тие до сега не можеле да интервенираат. Но, Костиќ наведе дека наскоро ќе започне целосна реконструкција, бидејќи тој дел ќе го откупи локалната самоуправа.

-Просториите на месната заедница ќе се земенат значи ќе се отворат две нови училници и горниот дел кој што е дотраен а најмногу се дотраени прозорците и подните плочки ќе биде санирано, средно и во најкус можен рок да се започне со градежните работи и очекувам дека ќе биде решен проблемот околу изгледот на училиштето, затоа што јас потполно го разбирам и револтот на родителите на учениците, моето прво работно место беше таму и навистина  некако сум врзан за него-вели таа.

Таа додаде дека на овој начин ќе се реши и проблемот со дворот, кој засега има дури 12 сопственици. Наведе дека откако ќе се решат имотно правните односи планираат да постават ограда, како и да постават патеки со цвеќиња. Инаку реконструкцијата нема да пречи во наставата затоа што ќе се работи постапно, првин долниот дел кој што е во полоша состојба, а потоа и училниците.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)