Училиштето „Христијан Карпош“ го прослави патронатот

Основното училиште Христијан Тодоровски Карпош во населбата Перо Чичо, денеска одбележа педесет и  осум години постоење. Присутните имаа можност да проследат богата културно уметничка програма, која ја подготвиле учениците заедно со наставниците. Директорката, Лидија Костиќ истакна дека се горди што нивното училиште го носи името на козјачкиот херој.

-Горди сме што секоја година пригодно одбележуваме оваа година приредбата е под мото Детскиот свет каде што нашите ученици под менторство на наставниците подготвија убава програма, за прв пат оваа година прикажуваме и соработка со други институции кои носат име на Карпош културно уметничко друштво Карпош е наш гостин и ќе настапи со една точка, ќе ни ја збогати приредбата-нагласи таа.

Костиќ посочи и за позитивните резултати кои што ги имаат последниве години.

– Горди сме со проектите кои ги работиме, резултатите кои се видливи. Проект МИО, сега работиме преку Еразмус плус нов проект каде има размена на ученици и наставници со седум други држави во Европа. Проектот МИО продолжува преку обука на вработени за одржување на училишни објекти, добивме опрема, зимско кампување на ученици, резултат на соработката се и прозорците кои се целосно заменети-додаде таа.

На манифестацијата присуствуваа претставници од општината, секторот за образование, советот, училиштата, родители и бројни ученици. Училиштето Христијан Карпош го посетуваат 1236 ученици и со тоа истото е најбројно во општината.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)