Уште една награда за „Етно село Тимчевски“

Еден од најреномираните ресторани во Куманово и Македонија „Етно село Тимчевски“ во петок се закити со нова награда за угостителство во Ниш, Република Србија каде се одржа натпревар за угостителски објекти од регионот. Ресторанот „Етно село Тимчевски“ е прогласен за најдобар ресторан во Македонија и е препорачан од меѓународните и регионални здруженија за угостители “SACEN” и “UUTP”.
Комплексот „Етно село Тимчевски“ располага и со соби за сместување, сали за семинари и конференции и базени, а од минатата година во работа е пуштена и најновата модерна сала за венчавки „Етно Гарден“. Познати се по оригиналните и вкусни етно специјалитети а во амбиентот на ресторанот се снима и познатата емисија „Вкусот на традицијата“

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)